Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побара од албанската Влада што побрзо да ги подмири своите заостанати обврски кон бизнисот, на име враќање на данокот на додадена вредност (ДДВ).
Во детална проценка на даночната администрација, ММФ забележува дека долговите на Владата за враќање на ДДВ се зголемиле минатата година, достигнувајќи 14,8 милијарди леки (околу 120 милиони евра).
– Интегритетот и кредибилитетот на даночниот систем зависи од брзото враќање на ДДВ. Загрижувачки е што заостанати обврски повторно се јавуваат-наведува ММФ.
Во анализата на даночниот систем, ММФ ја повторува критиката за одлуката на Владата, со која за ДДВ го вклучила и малиот бизнис, истакнувајќи дека оваа мерка ги зголемила трошоците без да носи приходи за буџетот.
– Ставањето на малиот бизнис во ДДВ ќе има континуирано негативно влијание врз трошоците на бизнисот и даночната работа, без да донесе значителен прихо- се оценува во анализата на ММФ.
Но, и покрај овие негативни случувања, ММФ ја поздрави работата на даночната администрација и подобрените фискални резултати во последните три години.
– Даночните приходи се зголемиле од 23,8 отсто од националното производство во 2015 година, на 26 отсто на крајот од 2017 година, заживувувајќи ја економијата. Даноците забележале добар напредок што треба да се одржи- констатира ММФ.
Според ММФ, овие достигнувања се загрозени од стеснувањето на фискалната база, особено даночните олеснувања кои Владата ги направи за одредени сектори, како што се туризмот или фармацевтските производители или други, што го комплицира системот и отвора можности за евазија.