Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека земјите членки на ЕУ не одговориле на барањето да преземат 3.000 малолетни мигранти без придружба, кои моментално живеат во прифатни центри и други објекти во Грција.
Тој во Парламентот рече дека немало одговор на барањето на неговата Влада, додавајќи дека земјите партнери „не биле чесни во овој случај“.
Мицотакис го претстави планот на неговата конзервативна Влада за надградба на системот за давање азил и прием на мигранти во Грција, со кој се предвидува околу 20.000 мигранти до крајот на годината да бидат префрлени од грчките острови на копно и формирање прифатните центри за да се забрза нивната депортација назад во Турција.