Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, пред неговата посета на Приштина и Белград.
Борбата против пандемијата на Ковид-19 и продолжување на дијалогот – ова ќе бидат централните теми во разговорите на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во Приштина и Белград денеска и утре.
– Пандемијата на коронавирусот уште еднаш ни покажа колку се тесно поврзани судбините на Германија, Европската Унија и Западен Балкан. Никој во Европа не останува недопрен од успехот и неуспехот на нивните соседи. Фактот дека сега можеме да го делиме растечкиот напредок во вакцинацијата во ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучен момент во заедничката борба против вирусот – велат од кабинетот на германскиот министер додавајќи дека ќе разговараат и за тоа како до справување со економските и социјалните последици од пандемијата.
– Сè уште нерешените односи меѓу Србија и Косово го забавуваат развојот на двете земји и на целиот регион, а со тоа и натамошното приближување кон Европската Унија“. Затоа сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме дијалогот меѓу двете земји, кој е модериран од Европската Унија. Доаѓањето на новата влада во Приштина е добро време за тоа. Во исто време, со отворање нова амбасада во Белград, ние јасно инвестираме во нашите односи со Србија – истакнал Мас.