Кандидатот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Мансур Јаваш, ја презеде функцијата градоначалник на турскиот главен град Анкара.
Јаваш денеска го доби сертификатот од Врховниот изборен комитет во Анкара, со што го почнува мандатот за градоначалник на главниот град на Турција, откако победи на локалните избори на 31 март.
Јаваш изјави дека „сè што било на изборите таму и останува, а сега претстои продолжување на должноста за сите жители на Анкара, без разлика за кого гласале на изборите”.