Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово и повика на смирување на тензиите.
– Ги известив шефовите на мисиите на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово. Загрижен сум и повикувам на итна смиреност – напиша Лајчак на Твитер.
За Лајчак според напишаното, важно е да се намалат тензиите, да се врати мирната атмосфера и да се дозволи слобода на движење.
Тој е во посета на Белград, од каде вели дека разговарал за ситуацијата на северот на Косово и со амбасадорите на ЕУ.
– Подготвени сме да посредуваме во разговорите за сите отворени прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина – вели тој.
Инаку, од вчера на два гранични премини на северот на Косово, Јариње и Брњак, беа распоредени припадници на Специјалната единица на косовската полиција.
Граѓаните од северно Косово се собраа на граничните премини за да изразат незадоволство од воведувањето на реципрочни мерки за регистарските таблички.