Лажна дојава за бомба во судовите во Сараево ја вознемири босанската полиција. По завршените проверки во зградите на Општинскиот, кантонски суд во Сараево и Врховниот суд на Федерацијата на БиХ, полицијата потврди дека заканата за бомба била лажна.
Сараевската полиција претходно беше принудена да ги евакуираа сите правосудни институции во Сараево поради тоа што непознато лице јавило дека има поставена бомба во судот, без да наведе во кој суд.
Затоа сите судските институции во главниот град на БиХ беа чувани од полицајци, додека во внатрешноста на зградите беше извршен преглед.
– За среќа, станува збор за лажна дојава – велат од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.
Според неофицијални информации, заканата за бомба била упатено во време кога биле спроведи интервјуа со кандидати за судии во Уставниот суд на БиХ.