Лидерот на Самоопределување Албин Курти во рамките на излагањето на програмата на идната влада на Косово најави дека ќе поднесе кривична пријава за геноцид против Србија и формирање институт за воени злосторства и геноцид, пренесуваат косовските медиуми.
Курти исто така посочи дека ќе вовоеде целосен политички, економски и трговски реципроцитет и дека ќе воведе задолжителен воен рок за младите во траење од три месеци.
Укажувајќи дека ова ќе биде влада која ќе штеди на јавните финансии, Курти истакна дека владата ќе ја осчинуваат 15 министри и 33 заменици.