Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата имот во вредност од повеќе стотици милиони евра, пренесува „Газета експрес“.
Врз основа на документите што ги поднел, може да се види дека само неговиот приватен авион вреди 10 милиони евра. Пацоли има осум автомобили во вредност од околу еден милион евра, додека на сметки во банки има околу пет милиони евра, пренесе „Косово онлајн“. Тој навел и дека поседува имот надвор од Косово вреден 125 милиони евра и земјиште и деловни простории кои вредат милион евра.
Пацоли поседува и земјиште во странство кое вреди повеќе од седум милиони евра, додека една од куќите што ги има чини околу 18 милиони евра. Исто така, тој е сопственик на хотелот „Дајмонд“ во Швајцарија, чија вредност се проценува на 42 милиони евра. Има акции вредни околу еден милион евра во 20-тина компании, а во некои од нив поседува 100 отсто од акциите.
Неговата заштеда се брои во милиони, а само во една банка во Приштина, чиј годишен приход е два милиони долари, има заштеда од повеќе од четири милиони евра. Тој своето богатство го зголемува со приходи од Економикe банка, Мабетек холдинг, банкарски депозити и од Собранието на Косово, пишува „Газета експрес“.