Министерот за инфраструктура на Косово Паљ Лекај ја одложи посетата на општина Грачаница, откако локалната власт одби да истакне симболи на Косово во просториите каде што беше предвидено да се одржи состанокот, јави дописникот на МИА од Приштина.
– За Лекај и неговиот кабинет е неприфатливо да присуствуваат во институции кои не се идентификуваат со државата на која припаѓаат, Република Косово – се вели во соопштението од Кабинетот на министерот.
И покрај тоа, се нагласува во соопштението, Лекај „и натаму ќе биде блиску до граѓаните на оваа општина и ќе изготвува конкретни инфраструктурни проекти за исполнување на нивните потреби“.
Општина Грачаница, која се наоѓа во близина на Приштина, е населена со мнозинско српско население.