Во српското собрание денеска дојде до инцидент, кога на седница упадна лидерот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, со транспорент на кој пишуваше „Мило крадецу, не ти ги даваме светилиштата“, на што реагираше пратеникот на СНС, Александар Мартиновиќ.
Тогаш настана турканица меѓу пратениците, а претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ ја одложи седницата.
Обрадовиќ и неговиот партиски колега Иван Костиќ беа избркани од седницата.
Претседателката на српскиот парламент, Гојковиќ, ги повика пратениците да не потпаѓаат на провокациите на лидерот на „Двери“, Бошко Обрадовиќ, додавајќи дека тоа не е во интерес на никој од Црна Гора.
– Којзнае по чии наредби тие мораат овде да направат циркус каков што гледавме во парламентите во нашето соседство – рече Маја Гојковиќ.