Министерството за надворешни работи на Косово денес соопштило дека Приштина ќе воспостави дипломатски односи со Израел на 1 февруари, пренесуваат приштинските медиуми.
Порталот „Репортери“ известува дека односите ќе бидат воспоставени со свечена виртуелна церемонија и дека договорот ќе го потпишат министерот за надворешни работи на Израел, Габриел Ашкенази и во име на Приштина, Мелиза Харадинај Стубла.
Харадинај Стубла изјавила дека признавањето на Косово од Израел е едно од најголемите достигнувања на Приштина, постигнато со помош на САД.
Приштинска „Коха“ пишува дека според договорот потпишан од премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се планира отворање на претставништвото на земјата во Ерусалим.