Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихеровата скала, попладнево ја погоди Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на земјата. Потресот најмногу се почуствувал во областа Фуше-Арз, оддалечен само неколку километри од епицентарот, пренесе весникот Газета Експрес.
Земјотресот предизвика паника кај граѓаните од ова подрачје, а многумина ги напуштиле своите домови.