Поради миграцијата на луѓето во Бугарија се интензивира пазарот за продажба на земјиштен имот. Сѐ повеќе земјопоседници го истражуваат пазарот за да добијат информации за цената на квадрат земјиште. Очекувањата се дека бројот на договори во следните неколку недели ќе го достигне максималното ниво, велат аналитичарите на пазарот. Според истражувањето на компанијата „Агрион“, најчестата причина за продажба на земјоделско земјиште е потребата од свежи пари за да може сопствениците да ги покријат непредвидени плаќања, како што се претстојните прослави на матура, свадби, издршка на студент и за испраќање блиски роднини во странство.
Продавачите што се и сопственици на земјиштето се главно луѓе од постарата генерација над 55 години, за кои продажбата на имот е најсигурниот начин да обезбедат потребни пари за итни плаќања. Тие поседуваат во просек од 20 декари земја. Имотот поделен во различни земјишни блокови. Експертите напоменуваат дека постапката за продажба на земјиште е многу полесна од аплицирањето за хипотекарен или потрошувачки кредит. Значи земјопоседниците претпочитаат да продаваат дел од парцелите што ги поседуваат, наместо да позајмуваат од банка. Друг основен двигател на пазарот, особено меѓу помладите сопственици на земјиште и оние што живеат во големите градови, е неможноста и неподготвеноста да се занимаваат со обработката на нивите.
Повеќето сопственици на живеалишта живеат во главниот град или во големите градови, имаат други професии и немаат интерес и желба да ја работат својата земја. Земјишниот имот им е оддалечен над 100 километри, а земјиштето е раситнето на мали делови и тоа на повеќе наследници, а меѓу нив често се водат судски спорови. Сопствениците не сакаат или немаат интерес да трошат време и пари за развојот на современото земјоделство и бараат различни опции како што се продажба или изнајмување. Тие обично им ја даваат својата земја на локалните земјоделци за симболични суми, им ги даваат на роднините или ги оставаат необработени. Истражувањето на „Агрион“ покажува дека секој петти земјопоседник го напуштил својот имот. Според податоците на Министерството за земјоделство на Бугарија, необработените површини во Бугарија во 2016 година биле 1,93 милион хектари, што е за еден отсто повеќе во споредба со претходната година.