Новинар на порталот „Жиг инфо“ од Гроцка, Милан Јовановиќ изјави дека е убеден дека причината за нападот, при што изгоре неговата куќа, исклучително е неговото пишување.
Јовановиќ за порталот „Цензоловка“ истакна дека непознати лица во текот на ноќта фрлиле Молотов коктел врз неговиот дом, а потоа почнале да пукаат врз влезната врата, за да не може да излезе.
Тој истакна дека и претходно добивал закани поради неговото пишување за изградбата на канализација во Врчин, како и поради текстови за злоупотреба на положбата на претседателот на Општина Грoцка