Официјален Брисел, пред извештајот на Европската комисија за визна либерализација за Косово, што треба да биде објавен идниот месец, очекува од косовските инситуции цврсти докази за борба против организираниот криминал и корупцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Официјални претставници на Европската унија во Приштина, за весникот „Зери“ изјавија дека на тој начин ќе биде исполнет последниот критериум за визната либерализација со Косово.
– Се надеваме дека овој процес ќе заврши набргу – велат извори од Канцеларијата на ЕУ во Приштина, додавајќи дека додека оценувањето на ЕК продолжува, секој прогрес што ќе го забележи Косово ќе им помогне на институциите на ЕУ да излезат со позитивна одлука за либерализацијата.