Пејачката Дуа Липа (24), откако предизвика бурни реакции во јавноста по објавата на картата на „голема Албанија“ на Инстаграм, се огласи и порача дека сите заслужуваме да бидеме горди на своето потекло. Таа вели дека секогаш кога ќе објави нешто за Косово, настанува хаос во коментарите.

– Намерата на мојата претходна објава не беше да предизвикам омраза. Многу сум тажна и лута што мојата објава беше погрешно сфатена од страна на некои групи и поединци кои промовираат етничка раздвоеност, нешто што јас строго го одбивам. Секогаш кога ќе објавам нешто за Косово, во коментарите настанува хаос, дури и ако се работи за убави работи како што се храна и музика, и се соочувам со силен отпор кон автентичната косовска култура – напиша таа.

Липа додава дека сите заслужуваме да бидеме горди на своето потекло.

– Само сакам мојата земја да биде претставена на картите и да можам со гордост да зборувам за своите албански корени и матичната земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да учат и да слушаат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите – напиша британската пејачка со потекло од Косово.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

Претходно, Липа објави фотографија од „голема Албанија“ на социјалните мрежи и побара од „Епл“ на својата мапа да го смести Косово како независна држава, а која ќе опфаќа делови на денешна Србија, Грција, Македонија и Црна Гора.