Српската полиција во текот на денот уапси жена под сомнение дека на Твитер упатила закана до децата на претседателот на државата, Александар Вучиќ.
Подоцна беше идентификувана уште една личност која упатила закани до Вучиќ. Како што пренесе агенцијата „Танјуг“, во тек е акција за нејзино приведување.
Српските медиуми го објавија и идентитетот на жената, а според информациите таа била ќерка и сопруга на лица од српското криминално подземје. Нејзиниот сопруг бил убиен во престрелка во 2008 година.
Таа заканата ја напишала како коментар на објава за посетата на Вучиќ на Смедерево. Пораката на Твитер била напишана под корисничко име „Александризам“, а заканата била упатена кон децата на српскиот претседател.