Два одделни земјотреса го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.
Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датца, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време на длабочина од 24,21 километар.
Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 2.56 часот по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датца, соопшти АФАД, пренесуваат турските агенции.
Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.
Медиумите потсетуваат дека Турција се бореше со силни шумски пожари претходните денови, а се шпекулира дека истите биле подметнати.