Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска покажа официјална нота на Папуа Нова Гвинеја – шеста земја, која го повлече признавањето на Косово.
Дачиќ на прес-конференција по повод една година од Владата, рече дека шестте земји, кои го повлекоа признавањето на Косово имаат вкупна површина од 800 000 квадратни километри, што е десет пати повеќе од Србија и 25 милиони луѓе.
– Многу често со презир се однесуваме кон овие земји, велејќи дека тие се мали и безначајни. Како беа важни кога го признаа Косово, а сега, кога се повлекуваат не се важни. Ова е голем успех за нашата земја- рече Дачиќ.
Тој посочи дека Србија ќе продолжи со таа работа, без оглед на тоа со колку притисоци се соочува.
– Ние не се бориме против Приштина, а знаете и вие против кого ние се бориме, нивните ментори и заштитници, кои веднаш штом ќе добиеме ваква нота, јас очекувам да отпатуваат во Папуа да видат дали навистина се повлекла. Затоа, ние го испраќаме министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ в понеделник до Либерија, бидејќи мораме да се бориме на сите страни- рече Дачиќ.