Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ЕУ покажала двојни стандарди со недавањето дозвола за изградбата на гасоводот Северен поток, но не и за изградбата на Јужен поток.
На Меѓународната конференција за енергетска безбедност на евроазискиот простор во Белград, Дачиќ истакна дека Србија сака да соработува со сите во областа на енергетиката, како и за други прашања на меѓународната соработка и истакна дека Србија, за жал, не можела да го изгради Јужен поток, бидејќи овој проект, за разлика од Северен поток, не го поминал Третиот енергетски пакет на ЕУ.
-За нас тоа беше најдобра опција и овој проект не беше на сметка на другите -посочи Дачиќ.
Тој додаде дека проектот бил во интерес и за регионот и за ЕУ, која претходно уверуваше да проектот е изводлив и дека е договорена неговата реализација.
-Реалноста е дека Северен поток е иземен од Третиот енергетски пакет, а Јужен поток не е. Цехот го плати Србија и другите земји во регионот. Овие два проекти се суштински слични, можеби и не само во однос на капацитетот и намената, а имаа различна судбина – наведе Дачиќ.
Тој додаде дека ист е само изворот на гасот – Русија, а разликата е во тоа што едниот гасовод е наменет за Германија, а другиот за замјите од регионот.
-Од ова може да се види дека постојат двојни стандарди во одлучувањето, бидејќи она што е можно за Германија и за некои други земји, за Србија и земјите од регионот не им е можно. Она што пресуди за да се спроведе Северен поток, а да не се реализира Јужен поток – тоа е политиката и нечија претпоставка дека Русија би можела преку гасот да влијае врз политичките настани во регионот на Југоисточна Европа, но не и во Германија – оцени Дачиќ.
Тој истакна дека ова е исто кога некој и забележува на Србија поради тоа што не и наметнува санкции на Русија, игнорирајќи го фактот дека трговијата меѓу Србија и Русија бележии пад како последица на политичка криза во однос на периодот пред санкциите, додека во земјите што ги воведоа санкциите истата е зголемена.
– Толку за принципите и двојните стандарди- истакна Дачиќ.