Бројката на потврдени жртви од пожарите во Грција е 49 лица, според портпаролката на грчката противпожарна служба, додека, пак, 156 лица се повредени, од кои 11 се во критичка состојба.
Меѓу повредените има 16 деца, но се вон животна опасност.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролката на противпожарна служба, Ставрула Малири упати апел до граѓаните да пријават доколку некој од нивните блиски е исчезнат во областите каде што беснееше пожарот.
Во изминатите 24 часа, од 6 часот вчера, до 6 часот утрово, во Грција биле регистрирани 47 пожари.