Грчката крајбрежна стража денеска спаси 36 мигранти на плажа на островот Хиос, додека две лица од групата се водат за исчезнати.
Мигрантите дошле до грчкиот остров во старо бротче од правец на Турција. Операцијата за лоцирање на исчезнатите лица сѐ уште е во тек.
Националноста на настраданите и преживеаните сè уште не е утврдена.
Повеќе од милион луѓе пристигнаа на грчкиот брег од 2015 година, главно преку Егејското Море од Турција, барајќи засолниште во Европа и бегајќи од воени конфликти и екстремна сиромаштија.
Стотици луѓе исчезнаа во водите на Егејското Море и покрај затворањето на балканската рута кон Централна Европа пред три години, но стотици од нив, сепак, продолжија да го ризикуваат својот живот и да го преминуваат морето на пат кон Европа.