Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис изјави дека почитувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија е услов за земјата да добие датум за преговори со Унијата.
– Главната загриженост на грчката влада и моја лична загриженост е ефикасната заштита на малцинските права на грчкото национално малцинство во Албанија, што е услов за почеток на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ – се наведува во писмото на грчкиот премиер Мицотакис.
Тој додава дека грчката влада и Нова демократија отсекогаш биле на страната на грчкото малцинство во Албанија.
Истовремено, шефот на грчката дипломатија додаде дека билатералните односи помеѓу двете земји дополнително ќе се развиваат и засилуваат.