Грција отвори истрага за исчезнато оружје од воена базаОбјавено пред 1 час – 11 септември, 2019Од Макфакс
Грција отвори истрага кога инспекцијата откри дека од поморскиот објект на егејскиот остров Лерос исчезнало оружје, соопшти во средата портпаролот на грчката влада.
Властите открија дека исчезнале антитенковско оружје, муниција и рачни гранати од магацинот во базата оваа недела.
Претходната таква проверка беше спроведена минатата година, изјави пред новинарите владиниот портпарол Стелиос Петцас додавајќи дека постојат индикации оти оружјето било отстрането постепено.
– Повеќето индикации укажуваат на периодот од јануари 2019 година до летото како период на отстранување – рече Петцас.
Грчката единица за борба против тероризмот учествува во прелиминарната истрага, рече тој.