Босна и Херцеговина
Во општината Костајница во Република Српска, БиХ, е прогласена вонредна состојба поради силно невреме, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Невремето што ја погодило оваа општина предизвикало значителна материјална штета, од коритата се излеале две локални реки, како и помали потоци, кои ги преплавиле градските улици, пренесуваат локалните медиуми.
Шефот на општината Костајница, Драго Бундало, прогласи вонредна состојба, а денес треба да биде назначена комисија за процена на штетите.