Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека има прашање за кое никој нема одговор и дека ќе го поставува постојано на меѓународната заедница, пренесе „Блиц“.
– Како и за Косово, Макрон ми рече „во право си, но…“. Како е можно 25 отсто Албанци во Северна Македонија да бидат конститутивен народ, имаат свој јазик, претседател на Собрание, потпретседател на влада, а 28,7 отсо Срби во Црна Гора немаат никој и никакви права – изјави Вучиќ.
Тој вели дека смислата на некои, кои кажуваат дека не е важно дали ќе се изјасниш како Србин или нешто друго, нема ли да се намали бројот на Србите на пописот во 2021 година. Вучиќ направи споредба со претседателските избори во Хрватска, на кои победи Зоран Милановиќ.
– Се нагледав такви трикови. Јас сум политички ветеран. Никој не победувал со таква разлика како јас. Во првиот круг, кога секогаш помал број гласачи излегуваат на гласање, на претседателските избори добив повеќе од Зоран Милановиќ и Колинда Грабар Китаровиќ на овие избори заедно – нагласи Вучиќ.