Говорејќи за разговорите со Приштина, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека на Србија не ѝ се потребни конфликти, туку повеќедецениски мир.
– Војната не е и не треба да биде алтернатива. По сите војни, не можеме да преживееме нови конфликти – рече тој.
Вучиќ рече дека Србија го почитува интегритетот на Босна и Херцеговина и Република Српска и оцени дека таквиот став не е контроверзен и не ја загрозува БиХ.