Стабилна е состојбата на мајката и новороденчето кои вчера беа претепани со метална шипка од пијан маж во Хрватска.
Раните на детето се санирани, но ќе треба да помине неколку дена под опсервација на педијатрија бидејќи се работи за бебе старо 20 дена.
Мајката и детето се од Пишкоровац и се жртви на семејно насилство. Под дејство на алкохол мажот ја претепал сопругата по главата и рацете. Тој со метална шипка го удрил и бебето на рацете и му нанел длабока рана на главата.
Дежурниот педијатар Дејан Балажина потврди дека детето има повреди на главата и колкот и е во болница поради можни компликации.
– Ова е машко новороденче на неполни три недели, кое го хоспитализиравме, го примивме денеска во попладневните часови. Станува збор за повреди на главата и левиот колк. Детето го примивме заедно со мајката, мајката е добро. Можам да кажам, за среќа и детето е добро, засега се чини дека не е сериозна телесна повреда – изјави Балазин за ХРТ.
Докторот вели дека имало слични случаи.
– Мислам дека сè уште немало толку мало дете, но, за жал, имаме вакви случаи – рече Балажин.
Тој се надева дека бебето нема да има трајни последици.
Жителите на Пишкоровац сведочат дека мажот бил склон кон алкохол и семејно насилство. Прашање е дали семејството било под надзор на Центарот за социјални работи. Одговорот на Центарот се уште се чека.