Квалитетот на воздухот е сè уште опасен во повеќето делови на Србија, а според веб-страницата iqair.com, Белград е трет град во светот според загадувањето, веднаш зад Пекинг и Загреб, објавија денес српските медиуми.
Радомир Лазовиќ од здружението „Не давимо Београд“, изјави денеска на прес-конференција одржана пред Градското собрание дека годишно од 7000 до 12 000 луѓе умираат од загадување на воздухот во Србија, и дека градовите во нивната земја се изложени на голема количина на загадување меѓу 100 и 150 дена во годината.
– Се поставува прашањето за одговорноста. Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија управуваат со секторот за заштита на животната средина веќе 12 години и за тоа време тие не презедоа ништо за да ја променат оваа состојба – потенцираше Лазовиќ, посочувајќи дека десетгодишната стратегија за справување со загадувањето во Белград била објавено дури вчера.
Лазовиќ го поставува прашањето: „Што чекавте досега? Со овој сектор се занимавате 12 години и дури денес најавувате стратегија за решавање на овој проблем“.