Грција денеска објави дека во земјата се појавил 21 нов случај на коронавирус.
Според соопштението на грчкото Министерство за здравство, новите случаи се забележани кај патници кои неодамна се вратиле од аџилак на верски места во Израел и Египет, пренесе „Ројтерс“.
Вкупниот број на заразени од коронавирус во Грција сега изнесува 31 лице.