Автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ се запали утрово околу два часот во близина на Дубровник. Во автобусот имало 49 патници кои патувале на релација Скопје – Сплит. За среќа, немало повредени патници.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарните служби, пожарот бил брзо изгаснат, а патниците биле превезени до крајната дестинација со друг автобус.