Бугарија

Поради зголемениот број новозаразени лица со ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, вчера одржа седница на Владата, на која беше разговарано за натамошните мерки, а Министерството за здравство соопшти дека од денеска е задолжително носењето маски во затворен простор односно во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри. Дистанцата од 1,5 метар од другите луѓе е исто така задолжително.

Наредбата, издадена од министерот за здравство Кирил Ананиев, дојде 10 дена откако беше дадена препораката носењето маски во затворени простории да биде „високо препорачано“, но не и задолжително, освен на јавниот превоз, во аптеките и медицинските установи.
Ананиев рече дека на 1.000 навивачи ќе им биде дозволено да присуствуваат на фудбалските стадиони за натпревари во бугарската лига.

Бугарија забележа 606 нови случаи на ковид-19 минатата недела, најголем пораст на земјата за една седмица. Бугарија има регистрирано 3.905 случаи и 199 смртни случаи од коронавирусот.