Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун синоќа беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците, по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.
Од канцеларијата на премиерот Алексис Ципрас велат дека напаѓачите се припадници на екстремно десничарски групи, пишува локалната агенција АНА.