Европската унија(ЕУ) треба што е можно поскоро да ги прими во членство земјите од Западен Балкан, смета поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек.
– Приемот треба да се спроведе со цел Европа да стане компактна во светски рамки во услови на глобализацијата. Не можеме да си дозволиме да се откажеме од делови на Европа – изјави Бусек, кој е и поранешен специјален координатор на Пактот за стабилност на Југоситочна Европа.
Во изјава за Танјуг, Бусек вели дека само прашење на време е за колку брзо и под кои услови ќе уследи приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
– Членките на ЕУ треба што поскоро да решат да го примат Балканот во свое членство – нагласи Бусек,
Според него, некои земји кои сега се членки на Унијата во времето на прием не ги исполнувале условите што сега се бараат од државите од Западен Балкан, па затоа нема смисол да се одолговлекува процесот на проширување на ЕУ.