Бугарските пратеници го прашаа бугарскиот премиер во заминување Бојко Борисов, дали бугарските тајни служби имаат сознанија за експлозиите на магацини за муниција кои ја потресоа Чешка во 2014 година, пренесува „Еуроактив“.
Прашањето беше поставено откако Чешка најави тужба за Русија по откритијата дека руски агенти биле одговорни за смртоносните воени напади. Чешка веќе протера 18 руски дипломати, а како одговор, Русија веднаш протера чешки дипломати.
Бугарија исто така е вмешана во скандалот. Чешките власти посочија дека во експлозиите била уништени артилериска муниција на бугарскиот трговец со оружје, Емилијан Гебрев. Оружјето наводно било планирано за транспорт во Украина. Гебрев го негираше обвиненијата.
Бугарските пратеници посочија дека имало и по две експлозии во 2018 и 2020 година, а во втората експлозија во 2018 година, животот го загубија 27 лица. Експлозии на воени фабрики се случиле и во 2012, 2014 и 2016 година.