Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов го поддржува ставот на ЕУ против одлуката на Русија да им забрани влез на осум граѓани на Унијата на територијата на Руската Федерација.
– Ние се придржуваме до европската солидарност – напиша тој на својот фејсбук-профил.
Европската Унија излезе со заеднички став против одлуката на руските власти да им забранат влез на осум граѓани на ЕУ на територијата на Руската Федерација.
Забраната за влез се однесува на претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, и на потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, како и на шестмина претставници на земјите-членки на ЕУ од Естонија, Франција, Германија, Летонија и од Шведска.
Во меѓувреме, политичките партии што влегоа во парламентот по изборите во април годинава, не успеаја да формираат ново парламентарно мнозинство. Бугарија оди на нови парламентарни избори откако социјалистите станаа третата партија што не успеа да формира влада по парламентарните избори, кои се одржаа на 4 април.
Социјалистите, кои на изборите го освоија третото место, на 1 мај изјавија дека ќе го вратат мандатот што им го даде претседателот Румен Радев за да се формираат влада.
Претходно мандатот го вратија и ГЕРБ на премиерот во оставка Бојко Борисов и партијата Има таков народ, предводена на Слави Трифонов.