Бројот на заразени од коронавирус во Грција се зголеми на 99, соопшти претставникот на грчкото Министерство за здравство, Сотирис Циодрас.
– Од вкупно заразените, 95 се Грци, додека четворица се странски државјани – рече Циодрас, додавајќи дека двајца пациенти биле на интензивна нега, пренесува „Катимерини“.
Циодрас истакна дека другите пациенти се во стабилна состојба и дека 68 пациенти се во изолација во своите домови.