Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска во полиција дал изјава за настани што се случиле во периодот од 2009 до 2012 година, изјавувајќи за медиумите дека бил повикан за „измислици од пред 13 години“.
Борисов пред информативниот разговор истакна дека не знае што да очекува од техничкиот министер Бојко Рашков, кој пак, неодамна посочи оти Борисов ќе биде предмет на проверка поради постоечки сомнежи за вршење притисок врз сведоци. Борисов ги негираше ваквите тврдења.
Во текот на информативниот разговор на Борисов, пред зградата биле собрани негови симпатизери со цел да му дадат поддршка.