– Прво што помислив по веста за несреќата во Задар е дека тоа е направено со скап автомобил. Такви несреќи не се случуваат со помалку сигурни, туку со најскапи и најсигурни автомобили. Тоа се млади лица, кои со автомобилите ги искажуваат статусниот симбол и општествената моќ.
Од друга страна, тие се сигурни автомобили, па тие се уверени дека автомобилите ги штитат од повреди, уверени се дека се добри возачи, но се неискусни возачи. Проблем е што родителите што им ги купуваат таквите автомобили мислат дека им купуваат и поголема сигурност.
Младите момчиња мислат дека, покрај скапите автомобили, татковците ќе им обезбедат и добри адвокати, кои ќе ги заштитат од затвор во случај да направат сообраќаен прекршок – изјави Горан Хусинец, судски вештак за патен сообраќај, за серијата сообраќајни несреќи во Хрватска, во кои загинаа и беа повредени повеќе млади лица.