Словенија

Здравствените власти во Словенија размислуваат да ја сменат одлуката на Кризниот штаб за заразни болести од пред некој ден, со што карантинот по контакт со лице со висок ризик наместо досегашните седум да се намали на пет дена.
Иако ова сѐ уште не е официјална одлука, медиумите јавуваат дека ресорното министерство за здравство размислува да го спроведе овој чекор бидејќи ширењето на новиот сој омикрон предизвика сериозно затворање на општеството и проблеми во функционирањето на државата и институциите поради лесната преносливост на инфекцијата.
Во Словенија минатата недела стапија во сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скратија и времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но и се намали бројот на патници во јавниот превоз. Таквите мерки се донесени во согласност со упатствата издадени од словенечкиот национален институт за јавно здравје.