Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не е изненаден што нема да се реализира посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и дека не видел таква хистерија и организиран напад на мала земја како Србија долго време.
-Не сум изненаден. Реков пред неколку дена дека очекувам компликации. Од ден на ден ја следевме ситуацијата во обид да се смени рутата на се’ повеќето земји кои забранија прелетување на авионот на рускиот министер. Секако, треба да го изразите своето незадоволство од обидот да се забранат разговорите-изјави Вучиќ за РТС.
Тој посочи дека не станува збор за добивање и губење политички поени.
Според него, имало безброј разговори во кои од Србија било побарано да го откаже гостопримството на рускиот министер за надворешни работи.
-Мораме да ја спасиме нашата земја. Погледнете ги сите од окрожувањето, нивните медиуми… Голем број странски новинари дојдоа во нашата земја за да направат фотографии од Лавров и Вучиќ-рече Вучиќ и праша што е тоа погрешно што го направила Србија.
Тој праша како на некои луѓе од Европската унија им било дозволено да го посетат рускиот претседател Владимир Путин.
Вучиќ повтори дека Србија го осудува упадот на руската армија во Украина, но дека Русија е традиционален пријател на земјата.
-Кого ставивме во сенка, кому направивме нешто лошо или само нашето одбивање да бидеме дел од глутницата е нешто што предизвикува нечија главоболка-истакна претседателот на Србија.
Вучиќ претходно денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Карченко кој го информираше за причините за откажување на посетата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не доаѓа во Белград откако Бугарија, Македонија и Црна Гора му забранија прелет со неговиот авион.