Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20.45 и 21.45 часот“.
– Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори – изјави Вучиќ пред новинарите во Палатата на Србија по доделувањето награди на поединци и институции по повод Видовден.
Тој додаде дека државните власти ќе се обидат да бидат воздржани и трпеливи, а организаторите на собирот нема да бидат задоволни од резултатите од тој протест.
Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18 часот на плоштадот Славија во Белград, а во официјалниот дел треба да трае до 21 часот.
Тие доставија два ултиматума до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот во Пионирски парк, кои бараат да бидат исполнети до 21 часот денеска.