Фото: Пекселс

Во новата влада на Србија ќе бидат вклучени актуелни министри, но ќе има и многу нови имиња.Тоа денеска го изјави српскиот премиер во технички мандат Милош Вучевиќ, јави допписникот на МИА од Белград

– И во оваа влада има луѓе кои заслужуваат да останат министри, има позиции што треба да се сменат. Верувам дека ќе има многу нови луѓе – изјави Вучевиќ за белградски медиуми утрово. Тој додаде дека бројот на ресори во новата влада ќе остане ист.

Вучевиќ изјави дека Србија ќе има нова влада до 18 април, додавајќи дека доколку тој е мандатар би се погрижил да се избегнат Велики четврток и Велики петок.

– Верувам дека Ана Брнабиќ (спикер на српскиот Паралмент) ќе ја закаже седницата во рокот, за да може пратениците активно да учествуваат… Мандатарот ќе го изнесе своето излагање, ќе ја претстави владата, и тоа да биде најдоцна до 18 април Ѓуро Мацут треба да информира дека подготвил експозе, кабинет, дека разговарал со коалициските партнери. Не е едноставно – рече Вучевиќ.

Вучевиќ изјави и дека верува оти новата влада ќе донесе нова енергија и нов оптимизам и оти верува дека професорот Мацут е најдоброто решение не само во однос на неговата биографија и дека може да воспостави многу потребен дијалог и да разговара со сите кои се заинтересирани за дијалог.

Вучевиќ денеска изјави дека на претстојниот митинг, што ќе се одржи од 11 до 13 април во Белград, ќе се дефинира барање Србија да се врати во нормален живот, а оние кои вршат насилство да одговараат.