Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља денеска потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени, јави Анадолија.
Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија.
„Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово“, напиша Свечља на Фејсбук.
„Како што ветивме, нема да дозволиме никаква паралелна, а особено криминална активност на Србија што би го загрозила Уставот и правниот поредок во нашата земја“, додаде тој.
Во градовите и населените места каде што живее српската заедница на Косово, делуваа општини, компании, градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети, кои беа директно финансирани од српската Влада, а кои според косовските закони беа третирани како незаконски.
Наведените институции во изминатиот период постепено беа затворани, а косовската Влада во неколку наврати потенцираше дека со укинувањето на „паралелните српски институции“ настојува да воспостави ред и закон, особено на северот на Косово, каде што Србите се мнозинско население.