Rosen Zeljakov
Фото: ЕПА

Очекуваме четири хеликоптери – од Чешка, Унгарија, Словачка и Франција, како и два авиона од Шведска да се приклучат денеска во гаснењето на пожарите на територијата на Бугарија во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, кој коментираше на темата за време на неговата официјална посета на Република Молдавија – јави БТА.

Желјазков истакна дека пожарите во државата во овој момент се околу 240, кои предизвикуваат штета, вклучително и прекуграничен ефект.

Росен Жељазков нагласи дека 95% од пожарите се предизвикани од човечка небрежност и ги повика луѓето да бидат внимателни и одговорни, особено во текот на летната сезона и високите температури.

Според премиерот на Бугарија, ситуацијата во врска со пожарот кај Струмјани останува тешка, каде што, покрај воените хеликоптери, ќе бидат вклучени и 50 воени лица од Министерството за одбрана.

Луѓе  се евакуирани од пожарот во близина на селата Тран, а пожарот кај Лесово ја премина границата со Турција.

Европскиот механизам е активиран и европската солидарност функционира – рече премиерот на Бугарија, Росен Жељазков.