Фото: Пиксабеј

Албанија се соочува со значително зголемување на респираторните инфекции, додека австралискиот грип почна да ги загрижува здравствените власти.

Според Институтот за јавно здравје, досега се пријавуваат околу 12 илјади случаи неделно.

– Пациентите кои се јавуваат во здравствените центри се со симптоми, како што се висока температура, кашлица, бронхитис и често отитис -воспаление на средното уво – изјави Артан Симаку од Институтот.

Тој нагласи дека австралискиот грип пристигнал порано оваа година, како што се случува и соседните земји, како Италија и оти во Европа циркулираат AH1N1 и AH3N2.

– Имаме вакцини против сите овие вируси, па затоа вакцинацијата сè уште се препорачува за да се спречат компликации – додава Симаку.

Посочува дека грипот, ковид-19 и другите респираторни вируси ја влошуваат состојбата кај најмладите, особено кај децата до 5-годишна возраст, што, според него, ја прави неопходна зголемената грижа и навремената вакцинација.