Принтскрин/Б92/Инстаграм

Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја соопшти одлуката за обвинението покренато против 13 лица по падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави дописникот на МИА од Белград.

Одлуката ќе биде објавена утре во 11 часот.

При падот на настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени, од кои двајца подоцна им подлегнаа на повредите.