Унгарија ќе го повлече својот приговор за пристапување на Бугарија во Шенген зоната, откако бугарскиот парламент официјално го потврди укинувањето на дополнителнителната такса за испораки на руски гас, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
– Бев информиран од мојот бугарски колега дека вчера бугарскиот Парламент го укина овој закон – рече Сијарто во видеото објавено на неговата Фејсбук страница.
Тој додаде дека по објавувањето на законот во петок во бугарскиот „Службен весник“, Унгарија ќе се откаже од приговорот и ќе побара од Европската комисија да ја запре казнената постапка што ја покрена Будимпешта.