Во Бор денеска е уапсен полицаец поради сомневање дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче Данка Илиќ од околината на градот Бор во источна Србија.
Белградските медиуми јавуваат дека полицаецот бил приведен и дека не поминал на полиграфскиот тест.
Таткото на исчезнатото девојче, Милош Илиќ, го поминал полиграфскиот тест.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче. Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Две специјалистички спасувачки екипи од урнатините од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско Поље кај Бор и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата од каде девојчето исчезнало во вторникот.
-Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и едно куче спасител – соопшти денеска МВР.
Припадниците на МВР во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, а на местото на настанот утрово пристигна и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Поради исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“