фото: Принтскрин

По монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и спречила пострашно кривично дело, синоќа граѓаните се собраа на училишното игралиште во ОУ Пречко, запалија свеќи, остваа играчки, лампиони и силни емотивни пораки. Граѓаните запалија свеќи и пред блискиот Здравствен дом, а во црква се одржа молитвено бдение за убиеното дете и сите повредени.

За полицијата сѐ уште не се познати мотивите на напаѓачот, ќе биде сослушан откако ќе закрепне, јавија хрватскиоте медиуми. По нападот тој побегнал во блискиот здравствен дом и се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила во тоа.

Познато е дека насилникот одел во основното училиште каде го извршил нападот и дека се лекувал од психички проблеми. Неговата мајка сведочеше дека сите во семејството се плашеле од него и ги молела лекарите да не го пуштаат од болница, но тие не ја послушале.